Џафери: Учењето за Холокаустот помага за подобро разбирање на последиците од предрасудите

Учењето за Холокаустот не е само просто сеќавање на фактите, туку помага за подобро разбирање на последиците од предрасудите, расната нетолеранција, анти-семитизмот и стереотипите во секое општество, порача претседателот на Собранието Талат Џафери, во своето виртуелно вклучување на Балканскиот форум против антисемитизмот, што се одржува во Тирана, Република Албанија.

Во рамки на своите напори за евроинтеграција, нагласи Џафери, земјата усвои повеќе документи посветени на Холокаустот и работи посветено на промоција на оваа тема во сите сфери.

– Во март 2018 година Собранието ја усвои Декларацијата по повод 75-тата годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија и со тоа работната дефиниција на Алијансата за меѓународното сеќавање на Холокаустот за борба против антисемитизмот, изјави Џафери.

Сеќавањето на Холокаустот, нагласи Џафери, е една од клучните работи што треба да се научи од најрана возраст, со цел секоја единка да ја подигне сопствената и со тоа и општествена свесност за создавање вредности на меѓусебно разбирање и почит кон сите различности, како и за градење на хумано и еднакво општество.

– Република Северна Македонија ги поддржува сите активности поврзани со сеќавање на Холокаустот и во таа рамка, Министерството за образвоание и наука при Институтот за култирно наследство на Албанците отвори оддел за едукација и истражување на Холокаусотот, кој работи на студии на Холокаустот и можностите за употреба и злоупотреба на моќта, како и улогата и одговорностите на единките, организациите и нациите во случаи на кршење на човековите права. Исто така, придонесува за подигање на свеста за опасноста од геноцид во модерниот свет, изјави Џафери.

Одделот за едукација и истражување на Холокаусотот, нагласи Џафери, е прв од ваков вид во земјата и регионот и веќе работи на стратегија за едукација за Холокаустот во Северна Македонија.

Специфично за нашиот Парламент, посочи Џафери, е тоа што меѓу 120-те пратеници е и пратеничката Рашела Мизрахи, која има хебрејско потекло и помага за сензибилизација на оваа тема.

На Балканскиот форум против антисемитизмот, учествуваат повеќе претседатели од парламенти од земјите во регионот, како и од Европа и светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега