Џафери со сочувство за смртта на новинарот Пендаров

Длабоко ме погоди веста за ненадејното и засекогаш заминување во вечноста на нашиот драг и долгогодишен соработник, почитуван новинар, политички аналитичар, и над сѐ, наш стар и омилен пријател, Тодор Пендаров, наведува претседателот на Собранието Талат Џафери изразувајќи сочувство за смртта на долгогодишниот новинар Пендаров, кој почина синоќа во Скопје.

– Изразувам искрено сочувство од свое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на собраниската служба, убеден дека споменот за неговиот лик, неговата позитивност и силна волја за живот ќе живее вечно низ ходниците на собраниската зграда. Неговата професионалност и богатото искуство од долгиот и мултидимензионален стручен развој, беше вистински придонес во функционалноста на законодавниот дом, меѓутоа претставуваше и скапоценост за демократскиот развој на нашата земја, посочува Џафери.

Тој упати искрено сочувство до семејството, познаниците, пријателите и неговите соработниците.

 

28.11.2021 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа