Џафери се уште не испратил известување дека Собранието е конституирано

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери се уште не испратил до претседателот на државата Стево Пендаровски известување дека Собранието е констиуирано, пишува „Канал 5“.

Од кабинетот на Џафери засега нема одговор зошто тоа не е направено и дали ова значи дека рокот за мандатот се уште не почнат.

Но, од ДУИ, партијата на Џафери, велат дека без известување дека Собранието е конституирано не може да броиме денови до доделување на мандатот. Висок функционер на ДУИ за Канал 5 вели дека Џафери допис дека Собранието е конституирано ќе испрати откако ќе се направи и изборот на претседател.

Но, од кабинетот на Пендаровски не се согласуваат со ваквото толкување. Потврдуваат дека до Вила Водно досега не е пристигнато ништо од Собранието. Но, и покрај ова Пендаровски веќе од средата брои 10 дена до чинот на доделување на мандат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа