Џафери пред одлука да ги отфрли сите амандмани за Законот за јазиците

 

За утре претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за Законот за јазиците, за кој се поднесени 35.000 амандмани од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што  најголем број амандмани за некој закон до сега.

Седницата почнува во 13 часот, а засега не е соопштено дали ќе се гласа за амандманите. 

Дел од присутните на состанокот, за НОВА брифираат дека се очекува Џафери утре да ги отфрли сите амандмани, со образложение дека со нив се бара да се оцени уставноста на  Законот, што не е во надлежност на пратениците. Оние кои сметаат дека Законот е неуставен ќе бидат упатени да поднесат претставка до Уставниот суд.

Седницата за Законот за јазици  требаше да се одржи минатиот вторник, но тој обид пропадна поради тоа што ДУИ и СДСМ не постигнаа договор дали да се отвори расправа за амандманите поднесени од ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

13.03.2018 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа