Џафери поради семејни причини се откажал од најавената собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница на Собранието, Талат Џафери, се откажал од намерата за денеска да закаже продолжение на седницата, како што најави вчера во текот на денот.

-Претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини денеска нема да го закаже продолжението на седницата, велат од Собранието.

Седницата ја нема ниту на собранискиот календар на официјалната веб-страница на Собранието. 

 Џафери вчера прво ги задолжил собраниските служби да започнат подготовки за одржување на утрешното заседание, а подоцна во медиумите потврди дека таа ќе се одржи во 15 часот.

Тој вчера не знаеше какво мнозинство има Заев поради кое Пендаровски денеска ќе му го додели мандатот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега