Џафери- Петровиќ: Ќе продолжат отворената, пријателска соработка и размената на посети на високо ниво меѓу двете земји

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорката на Црна Гора во земјава, Марија Петровиќ.

Како што соопшти собраниската прес-служба, амбасадорката Петровиќ му упати честитки на Џафери за реизборот со желби за успешен мандат и брзо и динамично водење на преговорите за членство во Европската унија. Таа изрази надеж дека ќе продолжат отворената, пријателска соработка и размената на посети на високо ниво, кои беа интензивни во изминатиот период. Воедо даде и краток осврт на политичката состојба во Црна Гора по одржаните парламентарни избори.

Претседателот Џафери, пак, го поздрави напредокот на Црна Гора во преговорите за членство во Европската Унија и изрази надеж дека наскоро земјата ќе успее да го финализира тој дел од процесот на пристапување. Тој истакна дека очекува до крајот на годината да се организира и меѓувладината конференција меѓу Европската Унија и Република Македонија, што би претставувало и официјален почеток на преговорите за членство.

Џафери информираше дека по одржаните парламентарни избори на 15 јули 2020 година и формирањето на парламентарното мнозинство, Собранието ги формираше и работните тела, а наскоро ќе бидат формирани и делегациите во меѓународните собранија и пратеничките групи за соработка. На крајот, тој изрази уверување дека и во иднина ќе продолжи успешната соработка во рамките на регионалните иницијативи во кои учествуваат пратеници од двете држави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега