Џафери: Нема да им пројдат измените на ВМРО за Законот за јазици

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, денеска ги искоментира измените на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците и рече дека нема да им пројдат.

- Доколку стигнат измените на ВМРО-ДПМНЕ на Законот за јазици ќе ги ставам на дневен ред, но треба да се свесни дека овој закон бара Бадентерово мнозинство кое го сочинуваат најмногу пратеници Албанци и тоа нема да им пројде. Предлагачот кога поднесува предлог треба да биде свесен дали обезбедил такво мнозинство, а во ој момент такво мнозинство нема и нема да им пројде, вели собранискиот спикер кој ги повика сите институции доследно да го спроведуваат Законот за јазиците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега