Џафери: Нема да дозволам да се повтори 27. април во Собрание

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека нема да дозволи да се повтори 24 декември и 27 април во Собранието на РМ, откако беше изгласан Законот за употреба на јазиците.

Според него, основна надлежност на Собранието е да води законодавна процедура согласно Уставот и деловникот.

- Правото на секој граѓанин пред секоја институција е изричито право на протест и во однос на тоа немам замерка, кон граѓаните кои беа пред Собранието, но однесувањето на делот на пратениците не смее да биде сфатено дека е провокација за меѓуетничките односи, тоа е слика и прилика на овие кои така постапиле најдени во теснец поради својата состојба и позиција, не можат се уште да разберат дека се опозиција, рече Џафери.

Во однос на процедурите и уставноста на законите кои се носат во Собранието, Џафери, рече дека единствено надлежен е Уставниот суд во процедура откако ќе се донесе законот. 

 

 

 

14.03.2018 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа