Џафери: Не сме венчани, ако сакаат ново мнозинство фер е да кажат

Собранискиот спикер Талат Џафери вчера ја прекина седницата поради тоа што, како што рече, немало услови да продолжи затоа што за збор во расправата се јавиле 38 пратеници, па седницаа ја закжа за денеска во 11 часот.

Откако неколку пратеници на СДСМ го прозваа Џафери и го опоменаа да си ја врши работата како штоо треба тој повика  партиските лидери да се изјаснат дали имаат желба изборите да се одржат на 12 април. Тој истакна дека сè додека добива пораки дека има можност за создавање друго мнозинство, тој ќе организира лидерска средба согласно Прижинскиот договор.

Џафери во изјава за Дојче веле тврди дека направил сè што е во негова надлежност, а од партиите побара да кажат дали навистина сакаат избори. Уште поинтересна е неговата изјава упатена до партиите: „Крај на краишта, не сме венчани“.

„Сите закони кои ги сметаат за приритетни се ставени на дневен ред. Оној за ЈО го доставија на 10-ти февруари, а знаеја дека на 11-ти имаме ратификација на Северноатлантскиот договор. Од септември преговараат за Јавното обвинителство, и јас ли сум виновен што сѐ се собра во два дена? Јас не продавам време и не располагам со екстра време. Не знам кој со кого се расправа и за што се убедува, но ако сакаат ново парламентарно мнозинство, ред е да дојдат и да кажат, а не да се расправаат преку мене. Нека објаснат зошто пред шест месеци се договорија да има избори на 12 -ти април! Ако не сакаат избори, ако сакаат ново мнозинство, нека кажат. Не сме венчани. Но, ако со тоа се вратиме во периодот на политичката криза каква што беше во 2015 година, тоа ќе биде нивен проблем“, вели Џафери.

 Цлиот тејст може да го прочитате ТУКА.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега