Џафери: Ќе закажам седница за Катица Јанева пред да и истече мандатот

Талат Џафери најавува седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември. Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана.

- "Согласно законот тоа е моја обврска и кас ќе ја испочитувам" - потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура.

Вчера беше направен обид за разрешување на Катица Јанева но мнозинството ма СДСМ и ДУИ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ точката за разрешување на Јанева да се стави на дневен ред.

Според најавите пратениците на опозицијата денеска ќе достават и официјално барање за свикување на итна седница за разрешување на специјалната обвинителка која е во притвор под сомение за вмешаност во аферата Рекет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега