Џафери ќе стане „Doctor honoris causa“ на Универзитетски колеџ во Тирана

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе отпатува во Тирана, каде што утре ќе му биде доделена титулата „Doctor honoris causa“ од Универзитетскиот колеџ „Ќириази“ во Тирана, соопшти собраниската прес-служба.

„Doctor honoris causa“ е највисокото признание кое Универзитетскиот колеџ „Ќириази“ го доделува на истакнати личности за придонес во националната, меѓународната, академската, научната или културната сфера, како и за посебната врска со овој Универзитет.

– Академскиот сенат на Универзитетскиот колеџ „Ќириази“ одлучи да му ја додели титулата на Џафери за „неговиот особен придонес во официјализирањето на албанскиот јазик, за слободата и правата на Албанците во Северна Македонија, за мудроста и високите интелектуални и државотворни вредности во заштита на нашиот национален идентитет. За неговите душевни врски со иконите на нашето национално образование Севасти и Параскеви Ќириази и Кристи Дако, кои се историско наследство и продолжение на Универзитетскиот колеџ „Ќириази“, се наведува во соопштението.

24.11.2022 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа