Џафери: Каде сте сега почитувани колеги фејсбук-мејкери? - Собранието на пауза

Заврши расправата по Предлог-законот за јавно обвинителство, а гласањето ќе се спроведе кога координаторите на пратеничките групи ќе го обезбедат потребното мнозинство, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери даде пауза до 22:00 часот кога, како што најави, ќе почне 136. седница на чиј дневен ред се четири точки: разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта во прво читање.

На 135. седница освен Предлог-законот за ЈО е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

Џафери попладнево рече  дека Собранието ќе работи без прекин, додека не се распушти.

Седницата за распуштање е закажана за недела во 12 часот. 

Џафери им се налути на пратениците, пред да објави пауза од еден час кажа дека не е коректно вчера да се бара де се работи по 20 часот, а денеска кога завршува дискусијата по предлог законот во 21 часот пратениците ги нема.

-Видете која е иронијата почитувани колеги Фејсбук мекери, денеска 21:20 завршува дискусијата по предлог законот и кај сте? Ама може да ми се прати порака по која динамика да работам. По пауза продолжуваме со новата седница продолжуваме со 4 предлог закони на која и разрешувањето на Министерката за Труд и Социјала и по редовна постапка законот за лични карти, кажа Џафери.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега