Џафери: Да се потсетиме на револуционерите кои се дел од градењето држава

Во честитката до граѓаните претседателот на Собранието Талад Џафери вели дека со празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, се одбележува зародишот на револуционерната организација која довела до Илинден од 1903 година, да потсети на луѓето кои носеле тешки и храбри одлуки и кои се дел од градењето на држава.

„Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да упатам честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и да Ви посакам убав празничен ден, поминат во спомен на идејата на револуционерната борба“, вели Џафери во честитката.

Со овој празник се одбележува зародишот на револуционерната организација која довела до Илинден од 1903 година и е убава прилика да не потсети на сите храбри и тешки одлуки кои се дел од градењето на државата и пожртвуваноста на големите луѓе со визија и големо срце, пишува Џафери.

„И современата историја не става во искушенија кои застануваат пред нас на патот на исполнување на нашите стратешки цели и стремежот на граѓаните на Република Северна Македонија за современа, стабилна, успешна држава која обезбедува добар, квалитетен живот и благосостојба за своите граѓани кои се активни учесници во позитивните промени. Со Ваша поддршка, ништо не е невозможно!“, вели претседателот на Собранието на Македонија Џафери во празничната честитка до граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега