Џафери: Анкетната комисија за пожарот во модуларната во Тетово доаѓа прерано

Анкетната комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово по се изгледа ќе го чека крајот на изборите. Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека инцијативата на опозицијата за анкета комисија за пожарот во Тетово е доаѓа прерано.

Според него, потребно е прво да заврши истрагата од истражните и судските органи а потоа Собранието да расправа за тоа. Претходно поднесениот предлог на опозицијата беше вратен бидејќи во него не стоеше како што вели Џафери уставното име на Македонија.

-Привично ја вративме како неуредна поради уставното име коешто не адресирано до Собране на Република Северна Македонија, туку е до адресирано неуредно, како што се адресирани и е вратена до подносителите. Слушам по медиумите дека рекле дали по изборите ќе ја врателе во Собранието со уставното име. Но, во секој случај, такво барање според мене и според процедурите е преурането зашто анкетна комисија не може да разгледува прашања коишто се во надлежност на истражни и судски органи. Вообичаено, и претходните анкетни комисии коишто беа формирани и таа 97-ма за гостиварските настани и таа 2008-2009-та, кога беше за Сопот постфестум се формирани за во смисла на надзорна функција што ја има Собранието да може за јавноста да ги потврди фактите во судската постапка или во друга постапка, рече Џафери.

28.09.2021 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега