Џафери: Ако има политички консензус за Собранието нема пречка да се продолжи рокот за спроведување на пописот

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека доколку политичките партии со консензус достават барање за продолжување на рокот за спроведување на пописот, Законодавниот дом нема да има пречка да го стори тоа.

-По однос на прашањето за евентуалното одлагање, односно продолжување на рокот на спроведување на пописот, од формален аспект Законот е дециден дека пописот се врши од 05.09 до 30.09. Она што наведувате, дека Заводот за статистика се изјаснил за можна потврда да се продолжи рокот на толку дена колку што имаше пречки поради компјутерски упад во системот, тоа е веќе во надлежност или на Владата или на пратениците да излезат со конкретен предлог доколку размислуваат по однос на тоа прашање, рече Џафери.

Вели дека непишано правило е во период на кампања Собранието да не работи, но доколку има итна потреба Законодавниот дом може да работи во кое било време.

-Нема пречка за свикување седница. Конкретно ако се случи, денеска сме 28-от ден од септември, со денеска уште три дена има завршување на рокот којшто е пропишан со Законот за попис на населението. Доколку има консензус помеѓу политичките субјекти коишто учествуваат во работата на Собранието и излезат со таков усогласен предлог, во контекст на Собранието не е пречка да работи и евентуално да донесе нова одлука. Тоа е во рацете на политичките партии, доколку се усогласат со тоа, рече Џафери.

 

28.09.2021 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега