Двојно убиство во казино кај Блаце: Четворица маскирани лица со калашникови вршеле грабеж

Двојно убиство рано изутрината се случило во казиното „Вегас“ кај Блаце, дознава Пресс24 од извори во истрагата.

Четири маскирани лица вооружени со автоматско оружје, калишникови, влегле да го ограбат казиното. Убиле еден од вработените како обезбедување и уште едно лице кое во моментот играл на слот апарат.

Како што дознаваме од извори во истрагата, лицето кое играло е косовски државјанин В.Х., а лицето кое работело како обезбедување не било пријавено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега