Движење БЕСА: Ние сме за иземање на техничката влада, и што поскоро предвремени избори

-Владата на Република Северна Македонија и сегашното мнозинство секојдневно докажуваат дека немаат капацитет да ги водат државните институции. Секое пролонгирање на оваа нестабилна состојба може да има големи последици и политички но и за економијата на земјата, велат од Движењето БЕСА во соопштение испратено до медиумите.

-Иницијативата за промена на законот за влада, односно бришење на деловите од законот за техничката влада како чекор пред парламентарните избори е многу битно и секако ќе ја има поддршката на пратениците од Движењето БЕСА.

Го потврдуваме нашиот став дека на државата и се потребни стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување. За да се обезбеди тоа, повеќе од неопходно е земјата да оди на предвремени избори, затоа укинувањето на процедурите за техничка влада е чекор за забрзување на излезот на земјата од кризата што ја зафати и преку одржување на предвремени избори што е можно поскоро како единствено решение кое ќе донесе политички промени и ново мнозинство, стабилно и со јасна визија за иднината на државата, што оваа власт и мнозинството СДСМ-ДУИ немаат капацитет да го обезбедат, се вели во нивното соопштение.

24.01.2022 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега