Двете крила за БЕСА против Заев за понудата за амнестија

 

Двете крила на БЕСА, тоа на Биљал Касами и тоа на Африм Гаши сметаат дека е неприфатлива понудата на премиерот Зоран Заев да се амнестираат обвинетите за насилствата на 27 април 2017 во Собранието.

Според групата предводена од Африм Гаши, политичарите не смее да се мешаат во работата на правосудството, а помирување е можно само по преземање одговорност, извести „Порталб“.

– Во суштина, во оваа ситуација политиката не е во право и не смее на никаков начин да им се меша на судовите. Ослободувањето на правосудството од политиката е услов за владеење на правото и за европска перспектива. Помирувањето е можно само ако се побара прошка и ако некој преземе одговорност. Се надеваме дека ќе се постигне правдата – вели портпаролот Орхан Муртезани за „Порталб“.

Групата предводена од Биљал Касами, пак, отворено е против повикот за простување. Велат дека амнестирањето на насилниците е нарушување на евроатлантските вредности, јавува „Порталб“.

-Предлогот за амнестирање на учесниците во насилствата од 27 април во Собранието ги нарушува вредностите за кои се залагаме со интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ – вели портпаролот Елмедин Мемиши.

 

 

 

15.10.2018 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега