Двегодишно момче се затрелало со пиштол мислејќи дека е играчка

33- годишната Мелиса Мишел Адамс од Колорадо е осудена на 24 години казна откако нејзиниот двегодишен син се застрелал со пиштол мислејќи дека е играчка.

Трагедијата се случила минатата година во октомври, а мајката на суд признала вина дека нејсиниот син секогаш си играл со пиштоли на вода и дека од нив пиел вода.

Детето го пронашло пиштолот на својхата мајка, а потоа неколку секунди подоцна се застрелал.

„Ова е еден од најтешките случаи кои сум ги видела досега“ рекла судијката на мајката која инаку е зависник од дрога, па ја осудила на 26 години затвор.

Полицијата известила дека во моментот кога пристигнале мајката го држела детето во раце, но покрај сите напори тоа починало.

Адамс признала дека се лечи од зависност од дрога, па го наполнила пиштолот бидејчи добивала заканувачки пораки од дилерот.

Меѓутоа не само пиштолот, полицијата пронашла и игли и прибор за дрогирање на дофат на нејзиниот син.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега