Двегодишно дете во Грција се задушило во фиока на кауч

Смртта на двегодишно дете од Грција кое се задушило во својот дом откако се вовлекло во фиока на каучот додека неговите родители спиеле била болна, покажала обдукција на телото на детето, а пренесе српски „Телеграф“.

Момчето се задушило во фиоката поради недостиг на воздух, а резултатите од обдукцијата покажале дека детето до последни сили силно се борело да излезе.

Пронајдено било со повреди на челото, што укажува дека детето повеќе пати со главата удирало во горниот дел од фиоката на каучот која го поклопила. За жал, тоа не можело самото да го крене каучот, а бидејќи никој не ги слушнал неговите удари, момчето веројатно се задушило по околу десет минути поминати во фиоката.

Ужасната несреќа се случила ноќта меѓу неделата и понеделникот во семеен дом во предградие на Атина. Детето го искористило моментот додека неговите родители цврсто спиеле, излегло од спалната соба и се приближило до каучот чија фиока била отворена. Инспекторите веруваат дека малиот сакал да си игра криенка, па влегло во фиоката. Притоа, случајно го повлекол јажето и горниот дел на фиоката паднал врз него, затворајќи го внатре во каучот.

Детето постепено губело здив. Се гушело неколку минути, ако не и подолго. Повредите на главата укажуваат дека со сите сили се обидувало да се извлече“, изјавиле лекарите за локалните медиуми.

Безживотното тело на момчето го пронашла неговата мајка в зори.

Во неделата од таа фиока вадевме зимска облека, а внатре ја враќавме летната. Додека јас и мојот сопруг работевме надвор, тој постојано играше одоколу и повеќепати влегуваше и излегуваше од фиоката за да се скрие од нас, тоа му беше интересно. Вечерта си легнавме рано, околу 19 часот бидејќи имаме и бебе, па бевме премногу уморни. Намерно го оставивме каучот подотворен, за фиоката да се проветри“, објаснила скршената мајка за грчките медиуми.

Таа додала дека со сопругот не забележале кога детето станало. Вели дека синот заспал во нејзината прегратка околу 19:30, a потоа и таа потонала во сон. Дека детето го нема сфатила дури во 5 часот наутро, кога станала да го нахрани бебето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега