Двегодишно дете било затруено со разредувач на боја во Куманово, соопшти СВР Куманово. 

Пријавата пристигнала од општата болница Куманово околу 14:00 часот. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Лани имаше неколку случаи на затруени деца од кумановскиот регион. Дел од децата беа затруени откако испиле средства за чистење, за дезинфекција, дел од дечињата испиле таблети.

Exit mobile version