Две третини од граѓаните немаат доволно пари за да го поминат месецот


Две третини од граѓаните немаат доволно пари за да врзат крај со крај секој месец. Анкетата која по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека 65,5% од анкетираните граѓани рекле дека месечните приходи кои што ги имаат не им се доволни за да ги покријат сите трошоци.

29,1% од граѓаните велат дека имаат доволно пари од први до први додека 5,4% немаат одговор.
44,6% од анкетираните велат дека од месечните приходи покриваат меѓу 70 и 100 проценти од расходите, 41,4% можат да покријат меѓу 40 и 60 проценти додека нешто над 7% анкетирани покриваат помалку од 30% од своите трошоци.
 

Во споредба со анкетата која за Детектор Институтот за политички истражувања Скопје ја спроведе во јуни годинава, значително се намалил бројот на граѓани кои успеваат со својата плата да си ги покријат сите трошоци во месецот.

Од 22,1% во јуни, бројката на граѓани кои имаат релативно комотен месец од финансиски аспект паднала на само 12,6%.
Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега