Две трагедии за два дена: Уште едно бебе почина од морбили во Скопје

14-месечно бебе од тетовско почина пред неколку часа на скопските клиники, дознава КУРИР.

Детето починало на Детската клиника.

Информацијата за КУРИР ја потврдија и извори од Министерството за здравство.

Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна.

Вчера почина и 13-месечно бебенце. Тринаесетмесечното дете од Свети Николе и претходно имало други здравствени проблеми. 

– Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега