Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско
претставување, Советот на Агенцијата на денешната 14 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, соопшти АВМУ.
„Спротивно на Изборниот законик, ТВ Компани 21-М на 18 октомври, првиот ден од изборниот молк, емитуваше реприза на посебната информативна програма Клик плус – Изборни дебати, премиерно емитувана на 17.10.2025, реализирана како дебата во која учествуваат тројца кандидати за градоначалник на Општина Центар, односно емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите.
ТВ Шутел на 18 и 19 октомври за време на двата дена од изборниот молк, емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите, односно емитуваше музички спот и документарна емисија во кои се појавува кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари“, стои во соопштението од АВМУ.
Актуелно
- ЈСП утре ќе сообраќа по неделен возен ред
- Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
- Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто
- Уапсен кумановец на меѓународниот аеродром во Скопје
- Томовски до АКТ СДСМ: Ме клеветите – ќе Ве тижам
- Келог: Мировниот договор за Украина е „на последните 10 метри“
- Се заборавиле со алкохолот: Уапсени повеќе пијани возачи
- СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате – ќе го објавиме целиот систем на лаги

