Две новозаболени млади лица од коронавирус во Тиквешко

 

Два нови случаја позитивни на коронавирус се регистрирани во Тиквешко во последните 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станува збор за 25 годишна жена од Кавадарци која претходно контактирала со лице позитивно на Ковид-19 и 27 годишен неготинец кој кажал дека не знае како се заразил.

Двајцата биле со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти со цел нивна изолација. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2020 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега