Две момчиња организирале забави во викендички во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе две кривични пријави против А.В.(22) и Р.Ј.(20), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 03/04.04.2021, во временскиот период од 23.00 до 02.00 часот, пријавените во засебни викенд куќи лоцирани на Тиквешкото езеро, во место викано „Брушани“, организирале забава со гости во група поголема од дозволеното, во временски период кога има забрана за организирање и групирање на поголема група на лица, согласно донесената владина одлука за заштита од ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2021 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа