Две млади момчиња уапсени во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на две различни локации во Скопје полицијата извшила претрес кај две млади момчиња, по што и двајцата било приведени поради поседување на оружје

Првиот случај бил во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улица „Ѓорче Петров“, при извршен преглед кај А.А.(24) од Скопје, пронашле нож на расклопување.

Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

Вториот случај бил во 23 часот и 30 минути, полициски службеници од СВР Скопје на улица „Есперанто“ го лишиле од слобода М.З.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден пиштол „ЦЗ Б“, калибар 9 мм, една рамка со 10 куршуми и метална палка.

По документирање на двата случаеви, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега