Две млади момчиња „оперирале“ низ Струга- ограбувале кај ќе стигнат

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против27- годишниот С.О и 26- годишниот  П.С, двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба” и кривично дело „кражба”.

Во периодот од 14.03.2018 до 09.04.2018 година на подрачјето на  Струга, пријавените извршиле тешки кражби во бутик и маркет.

Тие со употреба на сила и подесен алат ги отворале вратите и одзеле парични средства, преносен компјутер и облека, додека во основното училиште „Браќа Миладиновци“ одзеле мобилен телефон.

На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 154.000 денари.

 

 

 

17.05.2018 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега