Две лица во Србија ставени во карантин поради сомнение за заразеност од коронавирус

Две лица се сместени на инфективното одделение на општата болница „Д-р Лазар Лазаревиќ“ во Шабац, Србија, поради сомнение дека би можеле да бидат заразени од смртоносниот коронавирус.

Првиот хоспитализиран пред да се врати во својата земја престојувал во Тајланд, а другиот пред неколку дена се вратил од Милано.

Лицата се наоѓаат во изолациона просторија каде докторите влегуваат внатре согласно пропишаните правила за заштита од вирусот.

„Повикани се епидемиолози од Заводот за јавно здравје од Шабац, да земат примероци поради анализа на Институтот за вирусологија – Торлак“, кажа специјалистот за хигена, д-р Борка Кокановиќ.

Лицата се одвоени во посебни простории бидејќи доаѓаат од различни делови од светот, додава докторката Борка.

Се чекаат резултатите од Заводот за јавно здравје од Шабац.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега