Две лица уапсени на скопскиот Аеродром

 

 

Две лица со потекло од Република Албанија, синоќа биле приведени на скопскиот аеродром, информираат од МВР.

Имено, синоќа во 04.30 часот на граничен премин Аеродром „Скопје“ - Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, задржани се лицата Т.А.(29) ,Т.Е.(27) од Република Албанија, а со нив биле и две деца на возраст од две и осум години. Лицата биле предадени на инспектори од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошно постапка.

 

 

 

20.09.2018 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега