Две лица уапсени на протестот за скандалот со кражбата на лекови на Онкологија
Две лица се уапсени на денешниот протест што се одржа поради скандалот со кражбата на лекови на онкологија.
За случајот првично информираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
„Двајца активисти на Црвена Младина уапсени од специјалци и однесени во Полициската станица БЕКО. Протестот продолжува таму! Се гледаме!“, објави Апасиев кој попладнево присуствуваше на протестот.
Саше Јанчев од Левица тврди дека лицата биле приведени оти фрлале јајца за време на протестот.
„Другари од Црвена Младина ги легитимираа, а сеа двајца ги носат у полициска станица оти фрлале јајца.
Притоа на барање полицискиот службеник да се легитимира, што му е должност, ОДБИ.
Рече ќе дознаете во станица.
Државата ја запалија, живи луѓе горат, ама за фрлање јајца носат луѓе во полиција.“- напиша Јанчев на официјалниот фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа