Две лица сомнителни за инфицираност со коронавирусот побегнале од Штипската болница

Двајца пациенти попладнево скршиле прозорец и избегале од штипската болница каде се пријавиле по скорото враќање од Италија, јавува Телма, повикувајќи се на потврда од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Станува збор за маж од Виница и за неговата партнерка хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале од Италија.

Мажот имал симптоми, и двојката тргнала во Штип на инфективното одделение. Таму пациентот станал агресивен и двајцата избегале откако го искршиле прозорецот. Откриени се во нивниот дом  во Виница, каде според МВР полициски тим заедно со експерти од институтот за јавно здравје се обидуваат да ги вратат назад во болницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега