Две лица прободени со нож - Многу инциденти вчера во Скопје

Во 16,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Втора Македонска Бригада“ во чајџилница по претходна вербална расправија 17 годишно лице од Скопје било повредено со остар предмет од друго лице на возраст од 17 години.

На повредениот му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. 

Исто така вчера, во угостителски објект во селото Марино–скопско по полноќ дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата 27-годишниот Ф.Ф. од селото .Кадино-скопско од една страна и А.Ц. и Ј.Ц. од друга страна, при што Ф.Ф. бил прободен со нож.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а А.Ц и Ј.Ц се приведени во полициска станица.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2019 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега