Две лица повредени во сообраќајка во Кочани

Две лица повредени во сообраќајка во Кочани.

„На 13.10.2020 во 10.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат во с.Соколарци, кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од с.Новоселани, кочанско, и патничко возило „опел астра“, со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(37) од Пробиштип, информира МВР.

Во незгодата, К.Г. се здобил со тешки телесни повреди, а С.М. со телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани.

Извршен бил увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега