Две лица ограбиле продавница во Сандево, полицијата го пронајде одземениот плен

СВР Скопје-Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир поднесе кривична пријава против С.А.(30) и Р.Ж.(28), двајцата од скопското село Бразда, осомничени за кривично дело „разбојништво“.

Пријавените на 2-ри декември 2019-та  во продажен објект во скопско село Сандево со закана од вработената одзеле пари.

Врз основа на судска наредба, истиот ден полициски службеници извршиле претрес во домовите и помошните простории кај двете лица, при што биле пронајдени и одземени пари, гардероба и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Веднаш потоа, лицата биле приведени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега