Две лица од Кичево не ги почитувале препораките за самоизолација, излегле да се прошетаат

ОВР Кичево поднесе кривични пријави против Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското село Шутово поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти МВР, првопријавениот вчера околу 13:30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17 март своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Од Министерството посочуваат дека на 18 март при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека второпријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега