Две лица нападнато во близина на штаб на политичка партија во гостиварско

 

Две лица биле нападнати во близина на штаб на политичка партија во гостиварско.

-Утрово во 05:00 часот, 31-годишниот В.А. од гостиварско Дебреше во СВР Тетово пријавил дека околу 02:30 часот, додека со неговиот другар 30-годишниот Б.А. со возило „цитроен саксо“, со гостиварски регистарски ознаки, се движеле низ селото, во близина на штаб на политичка партија, физички биле нападнати од 27-годишниот Б.С. од истото село. Нешто подоцна, поради сомнение дека извршиле кривично дело „насилство“ биле лишени од слобода Б.С.(27) и Б.С.(60) од Дебреше. Двајцата се задржани за целосно расчистување и документирање на случајот - информира МВР.                                          

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега