Две лица искасани од кучиа скитници во Скопје

Два нови случаи со каснување од улични кучиња се пријавени вчера на територијата на Скопје.

Како што информира МВР, вчера во 14:00 часот во Полициското одделение Петровец, 66-годишниот В.Н. од село Марино-скопско пријавил дека истиот ден околу 08:00 часот во село Марино бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Вториот случај во полиската станица Центар е пријавен во 18:25 часот. 58-годишниот З.Т. од Скопје пријавил дека на 13.03.2019 година околу 12:30 часот на улицата „Самоилова“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега