Две лица исчезнаа во Скопје- полицијата трага по нив

Во текот на вчерашниот ден во две полициски станици во Скопје било пријавено исчезнување на две лива. Едното во Кисела Вода, а другото во Шутка, каде исчезала малолетничка.

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.П.(80) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син К.П.(56). Според пријавеното, причина биле семејни проблеми. 

Нешто подоцна околу 18.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.С.(50) од населба Шуто Оризари - Скопје пријавил дека од дома заминала неговата ќерка А.С.(14).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега