Вчера во 11:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа З.Д.(45) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од десет месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Исто така вчера во 12:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го приведоа Џ.Н.(33) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Exit mobile version