Двајца владици на МПЦ-ОА хоспитализирани во приватна болница: Како и сите болни, така и ние сме хоспитализирани

Владиката Петар и Владиката Агатангел се хоспитализирани во приватната болница Систина поради вирусот Ковид 19.

Оваа информација веднаш предизвика бура реакции.

Владиката Петар на прашање на ТВ24 не сакаше да одговори зошто се лекуваат приватно, а не државно. Вели целта на јавноста сега е актуелните состојби во општеството да се свртат кон нив - додава како и сите болни луѓе така и тие се хоспитализирани. 

„Не сум јас во состојба целосно излекувам, па да можам сега да дискутирм. Еве слушна јавноста во болница сме, и тоа е доволно. Јас се лекувам во јавното здравство. Сега се гледа дека станува збор за  сериозна болест сум дошол тука да се лекувам, нема што повеќе да се коментира тука.“ - изјави владиката Петар.

 

Според информациите до кои дојде ТВ24, свештениците се осигурани како трговци поединци, а владиците како административци, што значи дека тие се здравствено осигурани. Лекувањето од Ковид 19 во приватна клиника може да надмине и над десет илјади евра. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега