Двајца владици на МПЦ-ОА хоспитализирани поради Ковид-19

Владиката Петар и Владиката Агатангел се хоспитализирани во приватната болница Систина поради вирусот Ковид 19. Оваа информација за Сител ја потврдил Владиката Петар кој веќе 20 дена е во болница. Вели дека не бил на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации. Владиката вели дека сега се чувствува добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците за сериозноста на вирусот.

Владиката Петар вели и дека, според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така бил хоспитализиран пред некој ден.

Од редот на владиците, околу божиќните празници вирусот веќе го прележа владиката Пимен, кој најверојатно се заразил додека беше во Германија пред Нова година. А позитивен на корона беше и новиот поглавар на ИВЗ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2021 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа