Двајца тинејџери краделе автомобили од автоплац во Скопје

Двајца тинејџери на возраст од 13 и 18 години се фатени откако украле автомобил од автоплац во Скопје.

-Вчера полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Д.А.(18) и 13-годишен малолетник, двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела кражба и обид за одземање на моторно возило, извршени на автоплац на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, сопственост на Г.А.(40) од Скопје. Имено, пријавените од автоплацот одзеле клучеви за стартување на пет патнички возила и се обиделе да украдат уште три патнички возила. Одземените предмети се пронајдени кај лицата, појаснуваат од полицијата.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2020 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега