Двајца Срби на крузерот во Јапонија заразени од коронавирусот

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот се заразени со коронавирусот на крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија.

Дачиќ изјави за Танјуг дека Министерството за надворешни работи на Јапонија е известено денес дека двајца од преостанатите единаесет српски државјани, членови на екипажот на „Дијамантските принцеза“, ставени во карантин во Јокохама, Јапонија, биле тестирани и се позитивни на вирусот корона.

Министерството работи на тоа да се дознае кога ќе бидат симнати од бродот и во која болница ќе бидат пренесени, а станува збор за С.О (29) и М.Т (30).

„Амбасадата на Србија во Јапонија е во постојан контакт со нив, сите наши граѓани на овој брод ги имаат телефонските броеви на нашата амбасада во Јапонија, како и мобилен телефонски број на кој можат да се јават 24 часа, а им е кажано дека доколку се хоспитализирани тие треба да побараат да стапат во контакт со амбасадата “, рече Дачиќ.

На истиот крузер потврдено е присуство на корона вирусот кај еден од македонските државјани кој во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија, а министерството објави дека неговата здраствена состојба е стабилна.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега