Двајца скопјани фалсификувале ПЦР тестови - фатени на „Табановце“

Од страна на полициски службеници од Полициската станица  за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, вчера вечерта биле откриени две лица, Т.Х.(23) и Т.Х.(20), двајцата од Скопје, кои при  гранична контрола на излез од државата приложиле фалсификувани ПЦР тестови, за кои во службен разговор признале дека ги направиле сами, информираше денеска МВР.

Полициски службеници ги одзеле ПЦР тестовите , а на пријавените не им бил дозволен излез од државата. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави согласно член 378 и член 206 од Кривичниот законик.

18.01.2022 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа