Двајца скијачи загинаа во Банско - по двајца уште се трага

Двајца туристи загинале од лавина во Банско, објавија бугарските медиуми.

Според првичните информации инцидентот се случил околу 12 часот. Телата на двајцата загинати се пронајдени од планинарските спасувачи, а неофицијално се работи за грчки туристи. Според првичните информации загинатите се сноубордери.

Некои бугарски медиуми објавија дека уштe две лица се водат за исчезнати. По нив се уште се трага.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега