Двајца приведени за обидот за киднапирање дете на пратеник

Две лица се приведени по претходно добиена пријава за киднапирањето на ќерката на пратеник на СДСМ.

- Констатирано е дека 18-годишниот M.Ѓ. и 18-годишниот И.Ј. со патничко возило „БМВ“, управувано од М.Ѓ. се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител, велат од полицијата.

По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

За потсетување, како што дозна Пресс24, настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани. Седум годишното девојче се враќало од училиште кога возило со странски регистарски таблички ја пресретнало, нагло застанало а непознати лица со локален дијалект му наредиле на детето да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега