Двајца позитивни на Ковид во Лекарска комора – правеле свадба со 100 гости

Двајца вработени во Лекарската комора се позитивни на Ковид-19. Од Комората за НОВА потврдија дека вработените не се инфицирале на работно место туку на приватна веселба. Тие 10-тина денови не доаѓале на работа и користеле годишен одмор.

Откако биле информирани за ова од ЦЈЗ, сите вработени во Лекарската комора биле тестирани и се покажале негативни На Ковид-19, со низок ризик.

„По добиените информации дека двајца вработени се позитивни на Корона сарс-2, а во соработка со ЦЈЗ-Скопје, по направената епидемиолошка анкета и тестирање, сите вработени се со негативен резултат и со низок ризик. Лекарската коморa немаше прекин во работата и продолжува непречено да функционира“, велат од Комората.

Во Комората е направена комплетна дезинфекција, иако тие не доаѓале на работа.

Неофицијално, тие правеле свадба на 31 мај, на која имало 100-тина гости. Според досегашните сознанија од ЦЈЗ покрај младоженците позитивни на Коронавирус се уште четворица од потесното семејство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа