Двајца новозаразени со коронавирус во Кичево

Според податоците од Министерството за здравство денеска има двајца новозаразени со Ковид-19 во Кичево, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во оваа општина достигна 174 лица, од кои 107 се активни, 58 се излекувани и девет лица се починати.

– Денеска кај нас се забележани само двајца новозаболени, и двајцата се лекуваат во домашни услови и под надзор од нивните матични лекари и нивната општа здраствена состојба е стабилна, се разбира двајцата се во изолација, информира Емин Насуфи, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево .

Тој апелира до сите граѓани да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2020 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега