Двајца наставници во Кичево заразени со Ковид-19

Во училиштата во Кичево наставниот процес со помали проблеми се одвива според упатствата на Министерството за образование и наука. Од прво до трето одделение во градот и до петто одделение во руралните училишта наставата се одвива со физичко присуство, додека во две рурални училишта во село Туин и во село Србица, наставата до деветто оделение се одвива со физичко присуство.

Директорот од средното училиште „Дрита“, Фестим Ахмети и директорот на основното училиште во село Србица, Џелил Џелили изјавија дека двајца наставници од тие училишта се позитивни на Ковид-19. Тие велат дека надлежните органи се информирани за тоа и сега ги чекаат нивните предлози и сугестии.

– Советот на родители во основното училиште во село Зајаз најавува продолжување на бојкотот, барајќи наставата во ова училиште да се одвива со физичко присуство од петто до деветто оделение, информира директорот на училиштето, Насер Исмаили.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега